Последната порака на пилотот открива што се случувало за време на кобниот лет

536

Пилотот на хеликоптерот им кажал на контролорите на летање дека се искачува за да избегне слој на облаци, во неговата последна радио-порака пред падот, изјави истражителот за несреќи. Недолго потоа хеликоптерот се срушил во близина на Лос Анџелес, при што загинаа поранешната НБА-суперѕвезда, Коби Брајант и осуммина други.

Според податоците од радарот се навестува дека хеликоптерот достигнал висина од 700 метри пред спуштањето, според Џенифер Хоменди од Националниот одбор за безбедност при транспортот за време на прес-конференцијата вчера попладне.