Нејмар му подари на Леброн Џејмс дрес од ПСЖ

73

Францускиот фудбалски шампион Пари Сен Жермен на својот Твитер профил објави фотографија на ѕвездата на тимот Нејмар со четирикратниот МВП во НБА лигата Леброн Џејмс.

Бразилецот му подари на 33-годишниот кошаркар дрес од ПСЖ со бројот 23.

За потсетување, ова лето Леброн се пресели од Кливленд во Лос Анџелес Лејкерс потпишувајќи четиригодишен договор за 154 милиони долари.