НБА плеј-оф: Милвоки славеше над Бостон

475

Јанис Адетокунбо забележа 31 поен и 14 скока во победата на Милвоки со 97:86 против Бостон со која Бакс ја израмнија серијата на 3-3 во првиот круг на плеј-офот во НБА.

Седмиот натпревар ќе се одржи во „ТД Гарден“ во Бостон во сабота.

Крис Мидлтон и Малком Брогден постигнаа по 16 поени за „елените“ откако последниот беше прецизен од зоната за три поени во средината на последната четвртина и со тоа донесе двоцифрена предност на својот тим.

На овој начин Милвоки обезбеди натпревар број седум, а тимот не играл таков во плејофот на НБА од 2010-та година наваму. Бакс тогаш губат од Атланта.

Бостон заврши со едвај 10/36 во шутот за три поени, а Бакс ги ограничија прецизните удари во рекетот со одлична одбрана. Џејсон Татум го заврши натпреварот со 22 поени, додека Тери Розиер постигна уште 18.