МЗТ Скопје убедливо го доби големото дерби против Работнички

100

МЗТ Скопје убедливо го совлада својот вечен ривал Работнички со 93-68 на гости, во големото дерби од кошаркарската Суперлига одиграно вечерва.

По израмнетиот почеток на мечот, „металците“  доминираа во втората и третата четвртина. Во последната четвртина од мечот, темпото падна и Работнички успеа малку да се доближи.

Најефикасен кај МЗТ Скопје беше Хиндс со 22 поени, додека Лесколт постигна 25 поени за Работнички.

СУПЕРЛИГА, 7.КОЛО

Гостивар – Евро Никел 94-87 (22-20, 16-23, 27-20, 29-24)

Работнички – МЗТ Скопје 68-93 (17-18, 15-30, 18-31, 18-14)