МЗТ Скопје победи во дербито против Работнички

126

МЗТ Скопје го победи Работнички со 70:74 (35:39) во „Градски парк“, откако успеа да слави во 143 „вечно дерби“ во Првата македонска кошаркарска лига. Со тоа тимот од Аеродром му врати на шампионот за поразот на домашен терен во првиот меч сезонава.

Гостинскиот тим водеше речиси во текот на цел натпревар и ја диктираше играта, откако одигра и одлично во одбраната, додека домаќините инсистираа премногу на шут од три поени и реализираа само 11 од 39 удари од далечина.

Најдобар за МЗТ беше Иванов со 22 поени, додека Самарџиски забележа „дабл-дабл“ од 16 поени и 16 скока.

Кај Работнички, Крстевски заврши со 19 поени, а Мираковски реализира 18 поени.

По триумфот вечерва, МЗТ e на врвот на табелата со скор 14-2.