Меѓу настраданите е и тринаесетгодишната ќерка на Коби Брајант

406
Џиана и Коби Брајант

Коби Брајант (41) патувал на кошаркарски натпревар заедно со неговата тринаесетгодишна ќерка Џиана при хеликоптерската несреќа во Калифорнија во која загинаа, пренесуваат американските медиуми.

Нема преживеани меѓу петте лица во хеликоптерот, соопшти полицијата во Лос Анџелес.

Тие ги загубија животите кога приватниот хеликоптер на Брајант се срушил во Калабасас по избивањето на пожар, според „Ти-ем-зи спортс“

Џиана е една од четирите ќерки на Коби Брајант и на неговата сопруга Ванеса, со која беше во брак од 2001 година.