Македонија поразена од Русија на ЕП за кошаркари до 16 години

112

Кадетската репрезентација на Македонија за кошаркари до 16 години со пораз од Русија со 69:75 го започна настапот на Европското првенство (дивизија Б) што се одржува во Сараево.

Избраниците на Алекандар Јованчев резултатски заостануваа во првиот период, но во десетте минути што следеа успеаа да ја вратат предноста во своја корист.

По паузата македонските кадети повторно имаа пад во играта што резултираше со двоцифрена негатива, која до крајот ја намалија на конечните 69:75.

Македонија утре во второто коло се соочи со репрезентацијата на Белгија.