Македонија засилена ќе игра во квалификациите за ЕП

165

Селекторот може да смета и на една од ѕвездите во женската ВНБА-лига, Девана Бонер од Конектикат сан, која има две титули во ВНБА и три настапи на олстар-мечеви. Во ноемврискиот циклус Македонија во Рига (група И) треба да игра со Хрватска (12 ноември) и со Германија (14 ноември)

КОШАРКА

Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Владимир Ѓоровиќ, го соопшти списокот со 24 кошаркарки на кои ќе смета за претстојните дуели во квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2021 година во Франција и во Шпанија. На репрезентацијата во ноемврискиот циклус ѝ претстојат два натпревара во Рига (група И), со Хрватска (12 ноември) и со Германија (14 ноември). Селекторот може да смета и на една од ѕвездите во женската ВНБА-лига, Девана Бонер (33 години, 1,93 м) од екипата на Конектикат сан (настапи на олстар-мечевите во 2015, 2018 и во 2019 година и има две клупски титули со Феникс), кој годинава стигна до полуфиналето.

Македонија на првите две средби загуби на гости од Германија и дома од Летонија. На табелата Хрватска води со четири бода, Германија и Летонија имаат по три и Македонија два. Репрезентациите се поделени во девет групи, од кои шест се со по четири селекции, а три групи со по три репрезентации. Првопласираните од секоја група, како и петте најдобри второпласирани репрезентации ќе играат на ЕП 2021.
СОСТАВ: Софија Лазареска (Милано, Италија), Ивона Кожобашиовска (Мерцеде Алгхеро, Италија), Матеја Атанасовска, Елена Тасевска (Палаканестро Вигарано, Италија), Стефани Костова (Промете, Шпанија), Анџелика Митрашиновиќ (Будуќност, Ц. Гора), Теона Поп Стојанова (Нео баскетбал, САД), Снежана Серафимоска (Дукесне дјукс, САД), Девана Бонер (Конектикат сан, САД), Сања Адамовска, Наталија Секуловска, Марија Димитријевиќ, Цветанка Димова, Сандра Лазареска, Драгана Јоловиќ (Бадел 1862), Матеа Николиќ, Ивана Кметовска, Катерина Поп Димитровска (КАМ Баскет), Ивона Пејковска, Јована Петрушевска (Вардар), Албина Пљакај (МЗТ Скопје Аеродром), Драгана Петковска (Работнички), Габриела Модева (Струга), Нена Трајчевска.