„Магијата“ на Дончиќ не запира

87

Далас маверикс на гости со 127-123 го победи тимот на Сакраменто кингс во ноќ во која уште еднаш воодушеви Лука Дончиќ, кој за 34 минути имаше уште еден трипл-дабл ефект.

Словенечкиот кошаркар имаше 25 поени, 17 асистенции и 15 скока, а во победата му помогнаа Сет Кари со 21 и Тим Хардавеј со 17 поени. Кингси пак, беа предводени од Диарон Фокс (27 поени и 12 асистенции) и Бади Хилд (25 поени).

Маркел Фулц имаше 21 поени, 11 скока и 10 асистенции за Орландо меџик да го направи најголемото изненадување и на гости да ја прекине низата од девет победи на Лос Анџелес лејкерс, совладувајќи ги 119-118. Арон Гордон додаде 21 поен за Меџик, а по 19 имаа Вес Ивунди и Никола Вучевиќ за Орландо, кои имаа дури 21 поен предност во текот на мечот.

За Лејкерс, Квин Кук имаше 22 поени ,а Леброн Џејмс заврши со 19 поени и 19 асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Бостон -Детроит 103-116

Филаделфија – Бруклин 117-106

Мајами – Сан Антонио 106-100

Чикаго – Вашингтон 115-106

Минесота – Индијана 99-104

Оклахома Сити – Торонто 121-130

Денвер – Шарлот 100-86

Хјустон – Портланд 107-117

Сакраменто – Далас 123-127

ЛА Лејкерс – Орландо 118-119