Магдевски потпиша едногодишен договор со МЗТ

124

Македонскиот репрезентативец Андреј Магдевски потпиша едногодишен договор со МЗТ Скопје.

Тој во клубот од Аеродром доаѓа како слободен кошаркар, откако минатата сезона настапуваше во тимот на Гостивар.

Од МЗТ очекуваат 22-годишниот плејмејкер да му помага на Американецот Лестер Медфорд во организацијата на нападите.

Сезоната МЗТ ќе ја почне на крајот од септември со настапот во АБА 2 лигата, кога во „Јане Сандански“ ќе гостува словенечки Хелиос.