Куманово загуби од МЗТ Скопје на домашен терен 

59

Во рамките на 19-то коло од Првата лига, кошаркарите на Куманово вечерва на домашен загубија од екипата на МЗТ Скопје со 72-76 (37-49), со што го доживеаја и деветтиот пораз сезонава, а своите шанси за играње во плејофот ги сведоа само на теоретски.

Вечерашниот натпревар воглавно помина во доминација на гостинските кошаркари на кои им припаднаа три четвртини, додека домашните кошаркари беа подобри само во третата четвртина. По негативата од 12 разлика од првото полувреме, кумановци во продолжението одиграа извонредни десет минути (24-7), во кои што на гостите им дозволија да постигнат само седум поени, и во последната четвртина влегоа со предност од пет коша (61-56). Но, фаворизираните гости не дозволија изненадување во последната четвртина, и успеаја да стигнат до уште една заслужена победа.

Најефикасни кошаркари кај Куманово беа Игор Пенов со 16 и Адем Мекиќ со 15 коша, додека пак во гостинската екипа на МЗТ Скопје, се истакнаа Андрија Бојиќ со 19 и репрезентативецот Дамјан Стојановски со 18 погодоци.

Во наредното 20-то коло, Куманово се среќава со Фени Индустри во Кавадарци. Т.Д.