Куманово во плејофот на домашен терен загуби од Гостивар

106

Во рамките на 7-то коло од плејофот во кошаркарската супер лига кошаркарите на Куманово на домашен терен загубија од екипата на Работнички со 81:88 (45:46) со што го забележаа и седмиот последователен пораз во супер лигата.

Кошаркарите на Куманово и по седум одиграни натпревари од плејофот во супер лигата што на екипата навистина и се нема случено во последните 5-6 години доживеаја пораз.

Овој пат на домашен терен и тоа од екипата на Гостивар со 81:88. Иако кошаркарите на Куманово, кога се во прашање натпреварите против екипата на Гостивар, по традиција секогаш играат добро па и покрај тоа што и овојпат одиграа истотака добро, на крајот сепак поради пад на играта во третата четвртина во која што постигнаа само 12, а примија 26 кошови со што по изедначеното прво полувреме (45:46). Гостите во последната четвртина влегоа со предност од 13 кошови која што предност успеаја да ја одбранат и сочуваат до крајот на натпреварот и да стигнат до важна победа за што подобар пласман на табелата.

Сега на кошаркарите на Куманово во продолжението од плејофот во суперлигата им преостанува единствено шансата во преостанатите 3 кола да се обидат да го поправат лошиот впечаток што го оставија досега по одиграните 7 кола.

Најефикасни кошаркари на натпреварот во победничката екипа на Гостивар беа Тексли Ефианаи со 27 и Јуре Сегариќ и Џозеф Фустингер со по 15 кошови додека пак во екипата на Куманово, Мирко Ковач со 21 и Филип Думиќ со 20 постигнати кошови.

Во наредното 8-то коло во плејофот од супер лигата кошаркарите на Куманово на гостински терен играат со екипата на МЗТ.

Т.Д.