Колисон ја прекина кариерата во НБА-лигата за да се посвети на религијата и семејството

134

Кошаркарот на Индијана пејсерс, Дарен Колисон, објави крај на десетгодишната кариера во НБА-лигата.

Колисон истакнал дека е Јеховин сведок и дека понатаму сакал целосно да и се посвети на верата, за да можел да им помага на луѓето ширум светот.

– Кошарката е мојот живот уште од детството. Никогаш не мислев дека ќе уживам во нешто друго како што уживав во кошарката. Јас и понатаму ја сакам кошарката, но знаи и дека постои нешто поважно од неа – тоа се моето семејство и верата. Јас сум Јеховин сведок и верата ми е најважна. Волонтирањето и помагањето на другите ми носи толку многу радост. Таа радост не може да се мери со ништо друго – рекол Колисон за И-ес-пи-ен.

Тој додаде дека е благодарен на пријателствата што ги има со играчите како што се Виктор Оладипо, Расел Вестбрук, Демаркус Казинс, Кевин Дурент, Кајри Ирвинг, Крис Пол, Двејн Вејд, Стеф Кари и Леброн Џејмс, кои имале големо влијание врз неговата кариера и му биле голема инспирација.

Колисон има 31 година и летово требаше да потпише нов договор за година плата помеѓу 10 и 12 милиони долари. За две сезони во Индијана пејсерс тој просечно по натпревар бележел 12 поени и шест асистенции.

Во десетгодишната НБА кариера Колисон одигра 708 натпревари за Њу Орлеанс пеликанс, Далас маверикс, ЛА клиперс, Сакраменто кингс и Индијана пејсерс и оствари има просек од 12 поени, пет асистенции и три сока по натпревар.