Кокошков горд на неговото назначување за тренер на Феникс санс

650

Српскиот кошаркарски тренер Игор Кокошков изјави дека е исклучително горд на неговото назначување на чело на Феникс Санс. Поранешниот селектор на репрезентацијата на Словенија ќе биде првиот главен тренер на НБА тим, кој е роден надвор од Северна Америка.

– Дефинитивно сум горд што сум првиот главен тренер на НБА тим кој не е роден тука. Возбуден сум од можноста да работам повторно во Феникс, најмалку заради затоа што моето семејство живее во градот во изминатите 10 години – рече Кокошков, кој беше асистент во штабот на Санс од 2008 до 2013 година.

Србинот додаде дека целта пред тимот сега е да се работи во една насока – освојување на титулата.