КК Гостивар прашува кои се критериумите за распретелба на општинските пари за спорт?

34

Кошаркарскиот клуб Гостивар, преку соопштение реагираше на односот на Општина Гостивар при предлог-распределбата на општинските пари наменети за спорт. Лидерот во македонското кошаркарско првенство изрази незадоволство поради предлогот според кој еден клуб ќе добие четири милиони од предвидените 9,2 милиони денари, а сите останати меѓу кои е и КК Гостивар ќе го поделат остатокот.

– Согласно најновите објави на комисиите на седница на Советот на Општина Гостивар, во чиј предлог од предвидени 9,2 милиони денари, четири милиони се предвидени за еден субјект, а остатокот за сите останати спортски субјекти во Гостивар. Со целосна почит кон сите спортски клубови од Гостивар, реакцијата не е насочена кон нив, туку кон функционерите кои имаат обврска должноста да ја спроведуваат согласно законот и актите на локалната самоуправа – се вели во соопштението.

– Јавно ги прашуваме сите одговорни во општината, советници, функционери, членови на комисии и градоначалникот. Според кој критериум ги распределувате јавните пари на граѓаните на Гостивар? По кој критериум на второлигашки клуб му се доделуваат 4.000.000 денари од 9.200.000 денари вкупниот буџет за спорт? Колку тогаш му следува на лидерот на табелата во најелитното кошаркарско натпреварување во државата КК Гостивар, а колку ќе има за останатите? Дали ги распределувате парите според успесите – се прашува во соопштението.

Кошаркарскиот клуб Гостивар јавно ги повика градските власти да ја преиспитаат нивната одлука.