Кадетите ја совладаа Летонија, во четврт-финалето ги чека Русија

238
Од мечот Македонија - Летонија

Македонската кадетска кошаркарска репрезентација (до 16 години), денеска (16.30 часот), ќе игра против соодветната селекција на Русија во четврт-финалето на Европското првенство (ЕП), кое се одржува во италијанскиот град Удине (Италија).
По двата почетни порази од Шпанија (57-61) и Израел (90-99), жолто-црвените убедливо ја совладаа Летонија, со 64-53.

Со оваа победа македонските кошаркарски надежи моментно се трети во групата Б, а тоа значи дека следниот противник ќе биде второпласираниот од групата А, односно Русија. Евентуалната победа над нив ќе значи опстанок на Македонија во елитата и борба за пласман до осмото место, а пораз борба за пласман од 16-то до 19-то место.
Андреј Митревски со 23 поени беше најефикасен на дуелот со Летонија, Филип Наков постигна 15, додека Павел Атанасов седум коша.