ЕП во 2021 година ќе се игра во Италија, Грузија, Чешка и Германија

48

Европското првенство за кошаркари во 2021 година ќе се одржи во четири држави. Домаќини на овој континентален собир ќе бидат Чешка, Грузија, Италија и Германија.

ФИБА Европа објави дека фазата по групи ќе се игра во Прага (Чешка), Тбилиси (Грузија), Милано (Италија) и Келн (Германија), додека завршницата на Европското првенство во 2021 година ќе се одржи во Берлин.

На овој начин ФИБА Европа ја продолжи праксата која започна во 2015 година, завршницата на ЕП да се игра во повеќе држави.

Претходното Европско првенство се играше во Романија, Финска, Израел и Турција.

Дополнително ќе бидат одредени квалификациските групи. Во квалификациите ќе учествува и репрезентацијата на Македонија.