Евролигата ќе се доигра

72

Извршниот одбор (ИО) на кошаркарската Евролига реши дека приоритет ќе биде да се заврши сезонава, па и по цена да се жртвува сегашниот формат на натпреварувањето. Дуелите во Евролигата и во Еврокупот ќе продолжат како и досега, но кога состојбата со коронавирусот ќе го овозможи тоа, односно кога ќе се создадат оптимални здравствени услови за сите што се натпреваруваат. Тоа значи одигрување на преостанатите средби во основниот дел, во доигрувањето и на фајналфорот во Евролигата, а од четврт-финалето во Еврокупот.

ИО е свесен дека ова ќе значи завршување на Евролигата по предвидениот рок во мај, но се подготвени ако треба и да го збијат распоредот. Но истовремено се истакнува дека ќе продолжат анализата и барањето на можните алтернативи, ако актуелната ситуација го наложува тоа.
Евролигата, која има 18 екипи, беше прекината по 28-то коло од предвидените 34 во основниот дел, а на врвот беше Анадолу Ефес (24 победи, четири порази) пред Реал Мадрид и Барселона (двете по 22-6).