Дончиќ ќе биде најмладиот Европеец во историјата на олстар-мечевите

168

Со гласовите на навивачите се избрани капитените на двете екипи што ќе настапат на кошаркарскиот олстар-натпревар во НБА (16 февруари во Чикаго), а тоа се Леборн Џејмс и Јанис Адетокунбо, а тие, пак, ги одредија составите на своите екипи.
Така, во тимот на Џејмс се и неговите соиграчи од Лос Анџелес Лејкерс, Ентони Дејвис и Кавај Ленард, потоа Лука Дончиќ (Далас) и Џејмс Харден (Хјустон). Резерви се Никола Јокиќ (Денвер), Демјан Лилард (Портланд), Бен Симонс (Филаделфија), Џејсон Тејтум (Бостон), Крис Пол (Оклахома), Расел Вестбрук (Хјустон) и Домантас Сабонис (Индијана).

Словенецот Дончиќ (20) ќе стане најмладиот европски играч што се појавил на олстар-натпревар и деветтиот играч во историјата на НБА што ќе настапи на овој меч со 20 години или помалку. Тој е најмладиот стартер на олстар-меч по Џејмс во 2005 година, кога тој имаше, исто така, 20 години.
Адетокунбо од Милвоки, пак, ги одбра Џоел Ембида (Филаделфија), Паскал Сјакам (Торонто), Кемб Вокер (Бостон) и Тре Јанг (Атланта). Меѓу резервите се Крис Мидлтон (Милвоки), Бем Адебајо (Мајами), Руди Гобер (Јута), Џими Батлер (Мајами), Кајл Лаури (Торонто), Брендон Инграм (Њу Орлеанс) и Донован Мичел (Јута).
– Не можете да погрешите. Овие се 24-те најдобри кошаркари на светот – нагласи Адетокунбо.