Денвер и Јута го отвораат плејофот

40

Третопласираниот и шестопласираниот тим во Западната дивизија синоќа требаше да го одиграат првиот меч од првата рунда во доигрувањето на НБА-сезоната. Ова ќе им биде петти плејоф-меѓусебен дуел. Засега, Јута води во плејоф-сериите со 3-1, а последен пат се сретнале во 2010 година, кога Јута славеше во првата рунда од доигрувањето. Оваа сезона се сретнаа трипати и во сите три дуели славеа кошаркарите на Денвер. Дуелите беа крајно неизвесни, а Денвер севкупно на сите натпревари победи со 11 поени разлика.

Последната средба одиграна во Орландо му припадна на Денвер со 134-132.
На првиот натпревар Јута беше без стартниот плејмејкер Мајк Конли, повредениот крилен центар Ед Дејвис и без Бојан Богдановиќ, а Денвер, пак, без Вил Бартон и Гери Херис. Фокусот се очекуваше да биде насочен на центрите. Никола Јокиќ (Денвер) има просек годинава од 19,9 поени, 9,7 скока и 7 асистенции, додека на другата страна Руди Гобер бележи 15,1 кошеви и 13,5 скока.