Дваесет и пет години од смртта на Дражен Петровиќ

171

На денешен ден пред точно 25 години животот трагично го изгуби еден од најголемите кошаркари на светот – Дражен Петровиќ.

Кошаркарскиот „Моцарт“ на 7 јуни во 1993 година со автомобил голф 2 управуван од страна на неговата девојка загина во директен судир со камион во Германија. Тогаш хрватскиот кошаркарски великан имаше 28 години.

Дражен кариерата ја почна во Шибенка, па прејде во Цибона. Продолжи во Реал Мадрид, од каде отиде во НБА во тимот на Портланд. Последен негов клуб беше Њу Џерси.

Има многу медали во репрезентативните и клупските натпреварувања.

Официјално е прогласен за најдобар европски кошаркар на сите времиња.