Да не се разделеа Коби и Шек, ќе освоеја десет титули

88

Рон Артес, поранешниот играч на Лос Анџелс Лејкерс, и уште неколку други тимови смета дека Коби Брајант и Шекил О’Нил ќе освоеле десет титули доколку Шек останел во Лос Анџелес.

Брајант и О’Нил освоија три титули во низа (2000, 2001, 2002) потоа во 2003 година испаднаа од Сан Антонио Спарс во полу-финалето на Западот, а од истиот тим една година подоцна беа поразени во конференциското финале.

Поради недоразбирањата што ги имаа во тоа време Коби и Шекил, Лејекрси решија да го разменат Шек во Мајами Хит.

До крајот на кариерите Коби Брајант освои уште две титули во Лејкерси, а Шекил една со Мајами.

Артест смета дека ќе освоеле уште десет титули доколку не се разделеле во 2004 година.