Да­ру­ша­фа­ка, Бил­бао и Ри­тас ќе играат во ЛШ

95

За­до­вол­ни сме што мо­же­ме да ги поз­дра­ви­ме во се­мејс­тво­то на ЛШ овие врв­ни клу­бо­ви, кои игра­ат во не­кои од нај­сил­ни­те европ­ски ли­ги, из­ја­ви из­врш­ни­от ди­ре­ктор на ЛШ на ФИБА-Евро­па, Па­трик Ком­ни­нос

КОШАРКА

Паралелно со планирањето на завршниот турнир сезонава, што треба да се одржи од 30 септември до 4 октомври, Лигата на шампионите (ЛШ) во организација на европскиот оддел на Светската кошаркарска федерација (ФИБА), почна со пријавување екипи за следната сезона. Некои големи европски клубови веќе се регистрираа да играат во петтата сезона.

Турскиот клуб Дарушафака, кој ќе дебитира во ЛШ во октомври, двапати победи во домашното првенство и еднаш во Еврокупот, во 2018 година, пишува ФИБА-Европа. Шпанскиот Билбао, исто така, ќе се приклучи во ЛШ, по успешната сезона во која обезбеди место во плејофот на АЦБ-лигата и стигна до четврт-финалето во шпанскиот Куп. И литванскиот Ритас Вилнус ќе биде меѓу новите клубови, кои ќе ѝ се приклучат на ЛШ. Клубот има импресивен сет рекорди и список на трофеи, меѓу кои пет првенства на Литванија, три домашни Купа, две титули во Купот на УЛЕБ…

– Задоволни сме што можеме да ги поздравиме во семејството на ЛШ овие врвни клубови, кои играат во некои од најсилните европски лиги. Уверен сум дека тие ќе донесат нешто посебно во натпреварувањето од следната сезона. Одушевени сме кога гледаме дека сѐ повеќе клубови, кои се со амбиции да освојат врвен европски трофеј ја избираат ЛШ – изјави за интернет-страницата на ЛШ, извршниот директор на натпреварувањето Патрик Комнинос.