Голден Стејт не се сигурни дали Дурент ќе остане

89

Анонимен претставник на шампионот во НБА, Голден Стејт изјави за „Атлантик“ дека никој во клубот не знае дали Кевин Дурент ќе остане во тимот и по крајот на оваа сезона.

Договорот на 10-кратниот учесник во НБА-олстарот истекува на крајот на месец јуни и од 1 јули тој ќе биде слободен да потпише со секој друг тим во лигата. Според многумина експерти, Њујорк никс е фаворит за потписот на Дурент.

– Не знаеме какви се плановите на Дурент. Сите во тимот сакаме тој да остане, но во моментов не можеме да направиме ништо повеќе. Ако сепак одлучи да не напушти, ние ќе бидеме среќни од фактот дека тој помина три прекрасни години тука – изјавил изворотблизок до тимот на Голден Стејт.

Дурент се приклучи на Голден Стејт во текот на летото на 2016 година како слободен играч и со „вориорси“ успеа да освои две титули. Тој ја освои наградата МВП на финалната серија натпревари и во двете сезони.

Во оваа, Голден Стејт води на табелата во Западната конференција со биланс од 41 победи и 16 порази, а Дурент има 27,6 поени, 7 скока и 5,9 асистенции во просек по натпревар.