Во дербито на колото Куманово на домашен терен загуби од Работнички

172
Фото: Илустрација

Во рамките на 4-то коло од првата кошаркарска лига вечерва кошаркарите на Куманово како домаќини загубија од екипата на Работнички со 70:82 (42:39) со што го доживеаја и првиот пораз оваа сезона.

Кошаркарите на Куманово не ја искористија предноста на домашниот терен и во дербито на колото загубија од екипата на Работнички која благодарение на присебноста на своите кошаркари, но уште повеќе и на среќата во последните три четири минути стигна до својата четврта победа со која се зацврсти на лидерското место на табелата.

Што се однесува пак до домашната екипа на Куманово таа и покрај поразот од шампионот Работнички на вечерашниот натпревар не се посрамоти туку напротив и со овој ростер од 5-6 квалитетни кошаркари во поголемиот дел од натпреварот беше најмалку рамноправен противник, но на крајот сепак во последните неколку минути пред се поради падот на концентрацијата кај некои од клучните кошаркари, но и поради неколкуте сомнителни одлуки на судиската тројка и тоа во решавачките моменти (две технички грешки) кога се кршеше резултатот, а кои што одлуки меѓу домашните кошаркари внесоа дополнителна нервоза не издржа до крајот поради што и вечерашниот пораз не треба да се гледа како некој голем неуспех.

Најефикасни кошаркари на натпреварот кај екипата на Куманово беа Лука Петровски со 16 и Адем Мекиќ со 13 коша, додека пак кај победничката екипа на Работнички Кирил Николовски со 18 и Чавдар Костов со 16 постигнати кошови.

Во наредното 5-то коло од домашното кошаркарско првенство екипата на Куманово на гости игра со екипата на КК Кожув во Гевгелија.

Т.Д.