Бостон се врати во игра за пласман во прво финале по 10 години

102

КОШАРКА – НБА, ПЛЕЈОФ

Третиот натпревар од финалната серија на годинашниот плејоф на Источната конференција во кошаркарската НБА-лига, помеѓу Бостон и Мајами, го доби Бостон, со 117-106 (31-22, 32-28, 26-24, 32-28), и со тоа го намали водството на противникот на 2-1 во победи (се игра до четири победи). Бостон не дозволи уште едно изненадување и со тоа успеа да се врати во игра за пласман во големото финале. Бостон, кој е најтрофеен со 17 титули, претходно во меч за титулата играше во 2010 година, а Мајами (три титули) во 2014 година.

Мајами само во почетните минути имаше водство, а потоа Бостон ја презеде иницијативата и до крајот на мечот беше мошне убедлив. За ваквиот успех најзаслужен беше квартетот кошаркари со 20 и повеќе поени, Џејлен Браун (26 поени), Џејсон Тејтум (25), Кемба Вокер (21) и Маркус Смарт (20).
– Се радувам што сум дел од овој тим и неговата организација, а горд на начинот на кој му одговоривме на Мајами – кратко изјави по натпреварот 20-годишниот плејмејкер Браун, кој играше 43 минути.

Следниот дуел помеѓу овие две екипи е закажан за утре. Утринава, пак, се играше и вториот натпревар во полуфиналето на Западот, помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Денвер (до тој меч ЛА лејкерс водеше со 1-0).