Алтман: Му оставаме простор на Леброн Џејмс

106

Генералниот менаџер на Кливленд кавалирс, Коби Алтман, соопшти дека клубот се уште води преговори со Леброн Џејмс за продолжување на соработката.

На Џејмс му истече договорот и до 29 јуни треба да соопшти каде ќе ја продолжи кариерата.

По завршувањето на финалето, во кое Кливленд повторно беше поразен во Голден стејт, се појавија гласини дека Џејмс би можел да премине во Лос Анџелес, Филаделфија или Хјустон.

– Продолжуваме да водиме разговори со менаџерскиот тим на Леброн Џејмс. Тој заслужува да пристапиме детално. Му оставаме простор и тоа е се што во моментов можам да го кажам. Многу ни значи и овој град го сака-истакна Алтман.

Додека се чека на одговорот на Џејмс, Кливленд на драфтот го избра Колин Секстон.