Фото: Фејсбук/Новак Ѓоковиќ

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ проговори за тоа што му се случило откако бил депортиран од Австралија поради тоа што не бил вакциниран против коронавирус.

– Да бидам искрен, на почетокот ја потценив мојата емоционална состојба. Мислев дека по напуштањето на Австралија, ќе продолжам нормално. Но, потоа, уште неколку месеци, ги чувствував емоционалните и психолошките одгласи на она што се случи. Во последно време почнав да се опоравувам, сето тоа го оставив во минатото и го претворам во гориво и позитивна енергија – изјави Србинот за „Тенис мејџорс“.

Ѓоковиќ го пропушти Грен слемот Австралија опен. Тој беше депортиран од Австралија на 16 јануари. Исто така доби забрана да ја посетуваат земјата три години. Австралиските власти на 14 јануари му ја укинаа визата на српскиот спортист и одлучија да го депортираат.

Попладнево Ѓоковиќ на АТП турнирот во Мадрид ќе го игра првиот полуфинален меч. Негов противник ќе биде домашниот тенисер Карлос Алкараз.