Пари Сен Жермен ја прекина победничката низа на Баерн во фудбалската Лига на шампионите (ЛШ), благодарение на Килијан Мбапе и на Нејмар кои беа клучни во триумфот над актуелниот европски првак од 3-2, во четвртфиналниот меч одигран вечерва во Минхен.

Креативноста на Нејмар и голгетерските способности на Мбапе дојдоа до израз, со што Бразилецот имаше две асистенции, а Французинот два гола. Стрелец за ПСЖ беше и капитенот Маркињос, додека за Баерн погодија Ерик Чупо-Мотинг и Томас Милер.

Баварците до овој меч беше во низа од 19 средби без пораз во ЛШ, вклучувајќи го и финалето од минатата сезона, во кое славеше токму над ПСЖ со 1-0 во Лисабон.

Учинокот кој Нејмар и Мбапе во ЛШ е неверојатен. Нејмар има 41 гол и 26 асистенции на 66 настапи, а Мбапе 27 погодоци и 15 успешни додавања на 43 одиграни средби. Згора, тие меѓусебно разменија по 10 асистенции во ЛШ откако играат заедно, од сезоната 2017-2018, што е уште еден доказ за нивната одлична соработка на теренот.

Извесно е дека ПСЖ има големи изгледи да стигне до посакуваниот трофеј во престижното натпреварување доколку напаѓачкиот тандем продолжи да игра во ваква форма.

Во вториот вечерашен меч Челси го совлада Порто со 2-0 на гости, со головите на Мејсон Маунт и на Бен Чилвел. Реваншите се играат наредната недела.