Тимот на Милан ја надигра Џенова со 2:0 како гостин во средба од 20-тото коло на Серија „А“. Погодоците за „росонерите“ ги реализираа Фабио Борини во 72-та и Сусо во 83-тата минута.

Дуелот на „Луиџи Ферарис“ започна во 15,00 часот и токму поради оваа причина на трибините имаше доста празни седишта, а навивачите на домаќините ја бојкотираа средбата.

По денешниот успех, Милан повторно е во зоната Лига на шампиони. Екипата на Џенаро Гатузо го зазема четвртото место со 34 поени, а Џенова е десет места подолу на табелата со 20.