Вечерва е комплетирана шеснаесетфиналната рунда од второто по ранг европско фудбалско натпреварување, Лигата на Европа (ЛЕ). Фаворитите Арсенал, Наполи, Валенсија и Челси лесно минаа во следната фаза на натрепварувањето, а како изненадување може да се смета рутинската победа на загрепски Динамо над Плзен од 3:0.

На единствениот натпревар кој се одигра вчера, петкратниот шампион на ЛЕ, екипата на Севиља беше подобра од Лацио со резултат 2:0 и прва го заработи местото во следната рунда.

Вечерва, на реванш-натпреварите ширум Европа беа остварени следните резултати:

Арсенал – БАТЕ Борисов 3:0, резултат од двомечот (3:1)

Динамо Загреб – Викторија Плзен 3:0, (4:2)

Ајнтрахт Франкфурт – Шахтјор Доњецк 4:1, (6:3)

Наполи – Цирих 2:0, (5:1)

Салзбург – Бриж 4:0, (5:2)

Валенсија – Селтик 1:0, (3:0)

Виљареал – Фенербахче 3:1, (3:2)

Ваер Леверкузен – Краснодар 1:1, (1:1)

Бенфика – Галатасарај 0:0, (2:1)

Бетис – Рен 1:3, (4:6)

Челси – Малмо 3:0, (5:1)

Динамо Киев – Олимпијакос 1:0, (3:2)

Генк – Славија Прага 1:4, (1:4)

Интер – Рапид Виена 4:0 (5:0)

Во петок во Нион, Швајцарија, ќе се одржи ждрепката за осминафиналните двојки, а натпреварите се закажани за 7 и 14 март.