Пари сен Жермен (ПСЖ) е блиску до финализирање на заминувањето на тренерот, Аргентинецот Маурицио Почетино. Поранешниот тренер на Тотенхем и на Саутемптон е пред заминување иако го предводеше ПСЖ до шампионската титула во Франција, со предност од 15 поени, што е најголемата разлика меѓу двата првопласирани тима во петте најдобри европски лиги. Причина за заминувањето на Почетино од ПСЖ е неуспехот во Лигата на шампионите (ЛШ), односно елиминацијата во четврт-финалето од Реал Мадрид.

Како можни наследници на Почетино се споменуваат Зинедин Зидан, Жозе Мурињо и Кристоф Галтие, тренерот на Ница.