Фото: ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ќе ги награди репрезентативците со премија во висина од околу 4,5 милиони евра во случај да обезбедат пласман на Светското првенство 2022. Оваа информација за МИА ја потврди портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски.

Претходно, премија во висина од 500 илјади евра на фудбалерите им вети премиерот Димитар Ковачевски.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски вечерва од 20.45 часот во Порто ќе се соочат со Португалија во финалето од плејофот за пласман на Мундијалот во Катар.