Брендан Роџерс, тренерот на Селтик со своите соиграчи

На мечевите тие направија измени по кои фудбалерите што влегоа во игра постигнуваа голови за победа на седум меча, а еднаш за реми.

Осуммина тренери се покажаа како мајстори на замените во 1. коло на фудбалската Лига Европа. Тие на мечевите во четвртокот направија измени по кои фудбалерите што влегоа во игра постигнуваа голови за победа на седум меча, а еднаш за реми. Тие фудбалери ги тресеа мрежите најрано за две, а најдоцна за 26 минути по влегувањето во игра.
Така, на оваа необична листа се Брендан Роџерс, тренерот на Селтик, Марко Росе од Салцбург, Жозе Песеиро од Спортинг, Шенол Ѓунеш од Бешикташ, Григори Бабајан од Астана, Ади Хутер од Ајнтрахт, Сабри Ламуши од Рен и Хавиер Ревилја од Вилјареал. Сите тие во вторите полувремиња внесоа фудбалери што подоцна постигнаа решавачки голови за победа или за реми, а повеќе голови беа постигнати во судиските продолженија.

Од тимовите на македонските интернационалци во првото коло победа славеа Динамо Загреб (без Аријан Адеми во тимот), дома над Фенербахче (Елиф Елмас) со 4-1, Арсенал (без Дејан Илиев) дома над Ворскла со 4-2 и Спортинг (Стефан Ристовски) со 2-0 дома над Карабах. Мечевите ги загубија и АЕК (Даниел Мојсов и Иван Тричковски) дома со 0-1 од Цирих и Види (Бобан Николов) дома со 0-2 од БАТЕ Борисов.
Победи во 1. коло, меѓу другите, забележаа и Челси, Милан, Баер, Севилја…, ремизираа Глазгов ренџерс, Зенит, Бетис…, а загубија, на пример, Бордо, Андерлехт, Малме, Марсеј итн.