Македонските фудбалери ја слават победата/Фото: Твитер - УЕФА ЕУРО 2024

Елиминацијата на Италија прикажана и на шеговит начин

Љубителите на фудбалот, како и бројни спортски медиуми ширум светот на шеговит начин реагираа на сензационалната елиминација на фаворизираната Италија од Македонија (0-1) во баражот за пласман на Светското првенство во Катар.

На социјалните мрежи беа објавени неколку шеговити прикази на кои Македонија крши шпагети и става кечап на нив, илустрација на порталот „Гол“ со откажан италијански лет за Катар додека Леонардо Бонучи и Жоржињо чекаат на аеродром, бројни мемиња за кои се искористени сцени од филмски хитови, како и од цртаниот филм „Том и Џери“, но и познатиот дуел на Италијанецот Џорџо Киелини и англискиот репрезентативец Букајо Сака од финалето на минатото Европско првенство… Во продолжение се објавени поинтересните шеги со кои е прикажана италијанската елиминација.

Илустрација на „Гол“ со откажаниот италијански лет за Катар
Македонија ја запира Италија како што тоа го стори Киелини против Сако во финалето на ЕП 2020
Елиминацијата на фаворизираниот европски првак преку цртаниот филм „Том и Џери“
Македонија како „бесилка за фаворитите“ преку сцена од филмот „Баладата за Бастер Скрагс“ во која јажето е околу вратот на Германија, Италија и Португалија
Македонската репрезентација ја „крши“ Италија како шпагети
Кечапот врз шпагетите го опишува италијанскиот пораз
Англија не можеше да ја победи Италија во финалето на ЕП, но тоа го стори Македонија, прикажано преку сцена од филмот „Тор Рагнарок“