Најдобрата македонска фудбалска судијка Ивана Пројковска, која неодамна беше унапредена во елитна УЕФА судијка, ќе го суди четвртфиналниот натпревар во Лигата на шампионите во женска конкуренција помеѓу Волфсбург и Арсенал.

Натпреварот ќе се одигра в четврток во 18.45 часот во Волфсбург.

Пројковска ја почна својата судиска кариера во 2003 година. Таа е магистер по форензичка физика. Во 2019 станува првиот македонски судија кој судел финале на Европско првенство. Станува збор за финалето на Европско првенство за жени до 19 години помеѓу Франција и Германија.

Неодамна, таа, исто така, стана вториот официјален македонски ВАР-судија. Претходно, единствен лиценциран ВАР-судија во Македонија беше Александар Ставрев.