Фото: Игор Бансколиев

Астон Вила направи многу трансфери пред да се отвори прозорецот, а трансфери се најавени и за многу други клубови

Преодниот рок во англиската фудбалска Премиер-лига почна во петокот, а клубовите можеа официјално да регистрираат летни засилувања, пишува „Би-би-си“. Неколку врвни тимови веќе најавија пристигнувања, кои ќе бидат регистрирани или сега или на 1 јули, кога ќе им истечат договорите на повеќето фудбалери во нивните досегашни клубови. Трансфер-прозорецот ќе се затвори на 1 септември.

Астон Вила направи многу трансфери пред да се отвори прозорецот, од Марсеј играчот од средниот ред Бубакар Камара, напаѓачот на Барселона Филипе Кутињо, дефанзивецот на Севилја, Диего Карлос, и голманот на Рома, Робин Олсен. Дефанзивецот на Вила, Мет Таргет, се приклучи на Њукасл по успешниот заем.
Лидс ги ангажира од Салцбург, Бренден Аронсон и Расмус Кристенсен, а Ливерпул го ангажираа младиот Фулам Фабио Карваљо, крилниот напаѓач на Хрватска, Иван Перишиќ, и голманот на Англија, Фрејзер Форстер, ќе му се приклучат на Тотенхем, Манчестер сити постигна договор да го ангажира норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд, дефанзивецот на Челси, Антонио Рудигер, замина во Реал Мадрид, а Александре Лаказет замина од Арсенал во Лион – и двајцата како слободни играчи, пишува „Би-би-си“.

Една од големите трансфер-саги летово може да го вклучи напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане, кој се поврзува со трансфер во Баерн, на кој, пак, може да му треба нов напаѓач, бидејќи Роберт Левандовски изјави дека сака да замине, а Барселона е заинтересирана, пишува „Би-би-си“. На листата за можни трансфери се и Пол Погба, Џеси Лингард, Герет Бејл, Усман Дембеле, Манчестер јунајтед, Ливерпул, Арсенал и Њукасл се поврзуваат со напаѓачот на Бенфика, Дарвин Нуњез, напаѓачот на Лајпциг, Кристофер Нкунку, е интересен и за многу врвни европски тимови…, пишува „Би-би-си“.
Со Светското првенство на хоризонтот, најсилната англиска фудбалска лига повторно почнува на 6 август и има знаци дека ќе има работно лето, пишува „Би-би-си“. Трансферот на Ерлинг Холанд во Манчестер сити ги освои повеќето од првите наслови, но „Би-би-си“ фрла поглед на некои од другите нови лица што би можеле да ги видиме следната сезона. Така, на таа листа се Алварез (некои го нарекуваат „новиот Агуеро“, а аргентинскиот напаѓач му се приклучи на Манчестер сити од Ривер Плата во јануари, но допрва треба да го видат англиските фудбалски гледачи, откако му беше позајмен веднаш на аргентинскиот шампион), Дарвин Нуњез (во минатата сезона за Бенфика постигна 34 гола на 43 натпревари за својот клуб, вклучувајќи шест во Лигата на шампионите), Кристофер Нкунку (прогласен за играч на сезоната 2021/2022 во Бундес-лигата, постигна 20 гола и 13 асистенции за Лајпциг во германската прва лига), Хуго Екитике („веројатно би заминал“ ова лето, според претседателот на Ремс, Жан-Пјер Кајо, а Екитике имаше 11 гола и четири асистенции во 26 настапи во лигата и во купот за тимот од Лига 1), Усман Дембеле (рекордно засилување на Барселона кога пристигна од Борусија Дортмунд во 2017 година, има 13 асистенции во Примера на 21 настап од назначувањето на Чави за тренер во ноември), Муса Дијаби (импресионира во Баер, 22-годишниот француски напаѓач постигна 17 гола сезонава и има придонес за вкупно 31 гол на 43 натпревари), пишува „Би-би-си“.