Синоќешната победа во Палермо над Италија е второто чудо кое го приредија македонските  фудбалски репрезентативци во тековните квалификации за Светското првенство во Катар,  откако една година во Германија го победија фаворизираниот домаќин со 2-1.

Историска победа на Македонија, Елмас и Пандев го срушија четирикратниот светски првак!

Специјализираниот портал за фудбалска статистика, „Грејсноут“, пресметал дека Македонија приредила две од трите најголеми сензации во историјата на европските квалификации за пласман на светските првенства.

Според методологијата „Ворлд футбол ранкинг“, најголемата сензација ја приредил Луксембруг во 2008 година со победата во Швајцарија. Тогаш, шансите за победа на гостите биле 2,8 отсто.

На второто и третото место се успесите на Македонија. За победа над Германија шансите биле 7,1 отсто, а веројатноста дека Македонија ќе ја совлада Италија биле 7,4 отсто.

Не е познато колкави се изгледите за победа на „црвено-жолтите“ над Португалија, но новото фудбалско чудо ќе ја одведе Македонија до посакуваниот пласман на Светското првенство во Катар.