Фото: ФФМ

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година загуби од врсниците од Србија со 1-2 на гостувањето во Белград  (1-0), во рамки на седмото коло од квалификациската групата Х за пласман на Европското првенство в година.

Србија под водство на новиот селектор Горан Стевановиќ поведе веќе во деветтата минута преку Милош Пантовиќ, по изведен корнер.

Македонските фудбалери настојуваа да дојдат до израмнување на резултатот, но се најдоа во нови проблеми во 67-та минута, кога поради два жолти картони беше исклучен Бесир Исени.

Србија ја валоризираше предноста од фудбалер во 82-та минута преку Немања Јовиќ, а избраниците на селекторот Драган Канатларовски веќе во следниот напад ја намалија предноста на домаќините преку Бојан Димовски, но немаа сили до крајот да извлечат бод од гостувањето во Белград.

Македонската репрезентација со овој пораз остана на шест бодови и сега е четвртопласирана во групата пред следниот дуел во вторник во Скопје против Фарските Острови.