Фото: ФФМ

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, им оддаде признание на неговите избраници за прикажаната игра против Португалија (0-2) во вечерашниот решавачки меч за пласман на Светското првенство во Катар.

– Треба да сме сите горди на овие момци кои покажаа дека имаат голем потенцијал да се натпреваруваат со најдобрите репрезентации. Знаев дека ќе биде тешко да одиграме во ист ритам како со Италија и дека физички бевме истрошени, но горд сум од прикажаното. Малку ми е криво поради примените голови по наши грешки, но и грешките се дел од фудбалот. Овој пораз за нас може да биде уште поголем мотив за во иднина – истакна Милевски на прес-конференцијата по натпреварот одигран во Порто.