Фото: Игор Бансколиев

Првото место во групата носи пласман во лигата Б и играње во плејофот за пласман на ЕП 2024. По две кола, Грузија е прва на табелата со шест бода, а Македонија е втора со четири. Во случај две репрезентации да имаат ист број бодови, за пласманот решава меѓусебниот резултат

ФУДБАЛ – ЛИГА НА НАЦИИТЕ

Македонската фудбалска репрезентација, вечерва (20.45 часот), во Скопје, на арената „Тодор Проески, ја пречекува Грузија во третото коло на Лигата на нациите, лига Ц, група 4, во меч важен во трката за првото место во групата, кое носи пласман во лигата Б за следната сезона и играње во плејофот за пласман на Европското првенство во 2024 година во Германија.
По две кола, Грузија е прва на табелата со шест бода, а Македонија е втора со четири. Во случај две репрезентации да имаат ист број бодови, за пласманот решава меѓусебниот резултат.
Денешниот меч ќе биде четврти помеѓу репрезентациите на Македонија и на Грузија. Во групната фаза на вториот циклус на Лигата на нациите двата меча завршија со реми, 1-1, а во финалето на плејофот на првата сезона на тоа натпреварување, кое беше и квалификациско за пласман на Европското првенство што се играше во 2021 година, Македонија ја победи Грузија со 1-0 на гости.
Влезниците за денешниот натпревар веќе се во продажба, по цена од 250 до 350 денари. По овој меч, Македонија в недела игра дома и со Гибралтар, а Грузија ја пречекува Бугарија.


ЛИГА Ц, ГРУПА 4

Македонија – Грузија 20.45 ч.
Гибралтар – Бугарија 20.45 ч.

ТАБЕЛА
Грузија 2 2 0 0 9-2 6
Македонија 2 1 1 0 3-1 4
Бугарија 2 0 1 1 3-6 1
Гибралтар 2 0 0 2 0-6 0