ФУДБАЛ

Костарика е последната, 32. селекција што се квалификува за фудбалското Светско првенство (СП) годинава во Катар, по победата над репрезентацијата на Нов Зеланд со 1-0, во интерконтиненталниот плејоф-меч што се одигра во Катар. За Костарика ова ќе биде шести настап на СП, сега ќе игра третпат по ред, а најголемиот успех го забележа на СП во 2014 година, во Бразил, кога стигна до четврт-финалето.