Eрменија го запре налетот на Македонија

323
Фото: ФФМ

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва во Ереван беше убедливо поразена од Ерменија со 4:0 (1:0) во меч од групата 4 во Д-дивизијата на Лигата на нациите. За Македонија ова беше првиот пораз во натпреварувањето.

Прецизни за домаќините беа Маркос Пицели (12), Јура Мовсисјан (67), Геворг Газарјан (81) и ѕвездата на Арсенал, Хенрик Мхитарјан во 90-тата минута од натпреварот.

Ерменците голема помош имаа и од голманот на „жолто-црвените“, Столе Димитриевски кој во три наврати направи големи грешки, несвојствени за голман кој настапува во шпанската Ла Лига.

Поради втор жолт картон, крајот на дуелот не го дочека Елиф Елмас.

Македонија и покрај вечерашниот неуспех, се уште ја држи првата позиција на табелата и ни е потребно една победа до крајот за да го завериме првото место. Следните два натпревари на репрезентацијата во Лигата на нациите се на 16 ноември против Лихтенштајн на гости и три дена подоцна против Гибралтар во Скопје.