Фото: Игор Бансколиев

ФУДБАЛ

За уште двете слободни места на фудбалското Светско првенство (СП) во Катар годинава, денеска и утре на програмата се два интерконтинентални бараж-дуели, во Катар. Така, денеска играат Перу (претставник на Јужна Америка) – Австралија (Азија), а утре ќе играат Костарика (Северна Америка) – Нов Зеланд (Океанија). Двата меча се од 20 часот. Победникот на првата средба на Мундијалот годинава ќе настапи во групата Д, во која се репрезентациите на Франција, Данска и на Тунис, а победникот на утрешниот дуел ќе игра во групата Е заедно со селекциите на Шпанија, Германија и на Јапонија.