Фото: Твитер/Лига Европа

Фудбалерите на Брага единствени победија во првите мечеви од четврт-финалето на Лига Европа, откако беа подобри од Глазгов Ренџерс со 1-0, додека преостанатите три пресметки завршија нерешено.

Абел Руиз беше стрелец на решавачкиот гол во 40-та минута, погодувајќи на третата средба едноподруго во натпреварувањето, по дуелите против Монако.

Згора, Португалците го спречија ривалот да упати удар во рамките на нивниот гол. Реваншите се играат следниот четврток.

Резултати

Брага – Ренџерс 1-0
Ајнтрахт Франкфурт – Барселона 1-1
Вест хем – Лион 1-1
Лајпциг – Аталанта 1-1