ФУДБАЛ – ЛИГА ЕВРОПА

Вест хем – Ајнтрахт Франкфурт и Лајпциг – Ренџерс се полуфиналните двојки во Лига Европа (ЛЕ) во фудбал. Вест Хем, кој првпат е меѓу четирите најдобри тима во ЛЕ, го елиминира Лион во четврт-финалето (3-0 и 1-1). „Чеканите“ се победници во сега непостојниот Куп на победници на куповите (КПК) во 1965 година и финалисти во 1976 година. Ајнтрахт Франкфурт, победникот во ова натпреварување во сезоната 1979/80 (тогаш Куп на УЕФА), направи големо изненадување со триумфот над Барселона во четвртфиналната рунда, особено со победата на „Ноу камп“, 3-2 (во првиот меч беше 1-1).
Лајпциг, успешната ланска кампања во Лигата на шампионите (ЛШ) и пласманот во осминафиналето во кое беше елиминиран од Ливерпул, сезонава ја продолжи во ЛЕ, со триумфот над Аталанта во четврт-финалето (2-0 и 1-1). Ренџерс на патот до полуфиналето беше поуспешен од португалска Брага (3-1, 0-1) и ќе се обиде барем да го повтори успехот од сезоната 2007/2008, кога стигна до финалето и загуби од Зенит.


ПОЛУФИНАЛЕ
Вест хем – Ајнтрахт Франкфурт
Лајпциг – Ренџерс
Мечевите ќе се играат на
28 април и на 5 мај

ФИНАЛЕ
Севилја, стадион „Рамон
Санчез-Писхуан“, 18 мај