Меѓу 50-те најгледани тима само два секогаш играа пред полн стадион

Борусија Дортмунд е прва пред Баерн, Шалке, Херта и Хамбургер за сезоната 2022/2023 според бројот на гледачи, пишува германскиот дневен спортски весник „Кикер“. Борусија Д. редовно го полнеше најголемиот фудбалски стадион во Германија, со просек од 81.228 гледачи, само во петок навечер во септември против Хофенхајм беа празни 2.065 места. Баерн имал распродаден стадион во текот на целиот период и дојде до просек од 75.000, потоа се Шалке со 61.133, Херта со 53.640, второлигашот Хамбургер со 53.529, Борусија Менхенгладбах со 52.438, Ајнтрахт со 50.012, Келн со 49.765, Штутгарт со 46.430 и Лајпциг со 45.608 гледачи.

До 20-то место има и прволигашки и второлигашки клубови, а на листата следуваат Кајзерслаутерн (40.490, Втора лига), Фрајбург (34.112), Хановер (30.953, Втора лига), Нирнберг (30.341, Втора лига), Фортуна Диселдорф (29.479, Втора лига), Сент Паули (29.357, Втора лига)… Динамо Дрезден (24.532) е првиот третолигаш на оваа листа, на 25. место. Од третолигашите на листата се и Минхен 1860 и Рот-Вајс Есен (16.442), со една посебна карактеристика, откако покрај градскиот ривал Баерн, само Минхен 1860 во првите 50 тима на оваа листа го играше секој меч дома пред полн стадион (15.000), пишува „Кикер“.