Џанлуиџи Буфон (41) со Јувентус во новата сезона ќе се обиде да собори неколку фудбалски рекорди. На неговиот пат се рекордите за најмногу настапи во Серија А (Малдини 647, Буфон 640), најмногу за Јувентус во Серија А (Дел Пјеро 480, Буфон 472), најмногу мечеви за Јуве во Европа (Дел Пјеро 129, Буфон 124), најстар играч во финале на ЛШ (Ѕоф со 41 г. и 86 д.), најстар играч со триумф во ЛШ (Малдини со 38 г. и 331 д.), прв со 10 титули во Серија А итн.