Толку пати велевме дека нема место за расизам во фудбалот, но, сепак, се соочуваме со предизвици за решавање на овој проблем во нашиот спорт, како што правиме во општеството. Ќе ни треба поддршка од властите за да ни помогне да ги идентификуваме и казниме виновниците, но веројатно треба и пошироко да размислиме за тоа што можеме да сториме за да го поправиме ова, вели претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, за интернет-страницата на Светската куќа на фудбалот.

По промените направени во Дисциплинскиот правилник во јуни 2019 година ФИФА може да спроведе какви било санкции за целиот свет што конфедерација или фудбалска федерација ги одредува за расистички инциденти, пишува ФИФА.

– Кога ја предложивме постапката во три чекори пред 10 години, кога бев во УЕФА, а потоа ги направивме регулативите уште построги неколку години подоцна, не можевме да замислиме дека толку кратко потоа ќе мораме да размислиме како да се бориме против оваа болест, која се чини дека дури се влошува во некои делови на светот. Ги повикувам сите раководни тела во фудбалот да ни се придружат и да обмислиме заедно нови, посилни и поефективни начини за искоренување на расизмот во фудбалот – рече Инфантино.