Далма Марадона, ќерката на Диего Армандо Марадона, не можеше да ги скрие солзите кога фудбалерите на Бока јуниорс му оддадоа почит на татко ѝ за време на мечот со Њуелс олд бојс во неделата.

Седејќи во боксот на својот татко на славната „Бомбонера“, каде што Диего играше двапати – на почетокот и на крајот на кариерата, 33-годишната Далма беше во солзи кога фудбалерите на Бока отидоа до аут-линијата пред неа и поставија дрес на Марадона аплаудирајќи откога Едвин Кардона го постигна првиот гол во 2:0 победата.

Дуелот во аргентинската Примера дивизион постави еден против друг два од поранешните клубови на Марадона и двата клуба носеа маички со неговиот лик, а кога почна мечот, сите фудбалери на грбот го имаа името „Ел Пибе дел оро“.